Со Меморандумот се предвидува: иницирање на формалниот процес на збратимување меѓу општините; промоција на културни, уметнички, туристички и економски размени; поттикнување соработка меѓу здруженијата, училиштата, бизнисот и институциите.
Ова го истакна градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, кој деновиве ја предводеше делегацијата од Општина Делчево во рамките на службената посета на трите општини во Италија.
Како што истакна Гоцевски, овој важен чекор претставува мост на пријателство и соработка меѓу нашите општини со цел зајакнување на економските, културните и општествените врски.
-Во разговорите со моите колеги градоначалници, ја потврдивме нашата посветеност за продлабочување на соработката, особено во областа на економијата, туризмот и културната размена. Воедно, ја започнувамеиницијативата и за збратимување на Делчево со општините Новело,Монфорте д’ Алба и Родино, бидејќи овој чин има повеќеслојно значење и претставува важен чекор за долгорочен развој и меѓународна соработка на Општина Делчево. Ова збратимување гради мостови помеѓу локалните заедници и отвора можности за унапредување на локалните политики, особено во делот на економскиот развој, туризмот и руралниот развој. Збратимувањето ја зајакнува врските на иселениците со нивниот роден крај и создава предуслови тие да бидат активен фактор во развојот на Делчево- како преку инвестиции, така и преку пренесување искуства и знаења, нагласи Гоцевски.
Посетата на Пијамонте, Италија беше заокружена со средби и посета на неколку успешни бизнис- приказни, меѓу кои и компании водени од наши иселеници.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
