Делчево (Новости): Општина Делчево започна со селекција на електронски и електричен отпад

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Општина Делчево започна со селекција на електронски и електричен отпад

Општина Делчево потпиша договор со колективниот постапувач „ЕЛ КОЛЕКТ“ за управување со опасен, електронски и електричен отпад. Во рамки на соработката, Општината доби 15 контејнери за мешан комунален отпад, како и 6 сета за селекција на електронски и електричен отпад (кабли, фенови, сијалици и мали апарати за домаќинство). Овие сетови се распределени во двете основни училишта, детската градинка и средното општинско училиште.

Денес, од страна на ЕЛ КОЛЕКТ  беше испорачан и еден ЕКО–магацин кој привремено е поставен во дворот на ЈКП „Брегалница“, сè до обезбедување на соодветна трајна локација. Дополнително, поставен е и собирен центар на локацијата на стариот градски пазар во Делчево.

Со цел да се поттикне селекцијата на електричниот отпад, се повикуваат граѓаните да го одложуваат во собирниот центар, каде што ќе има задолжено лице од ЈКП „Брегалница“. Контакт информации ќе бидат истакнати на самиот центар. Во викенд деновите, граѓаните ќе можат отпадот да го оставаат покрај собирниот центар, по што задолженото лице дополнително ќе го внесе и соодветно ќе го одложи во самиот центар.

Инаку, на претходната Седница на Советот на Општина Делчево беше донесенаОдлуказа утврдување локација за поставување собиренцентар за електричен и електронски отпадсо која  беше утврденалокацијата кај стариот градски пазарза поставување собиренцентар за електричен и електронски отпад со цел организирано и безбедно собирање, времено складирање и предавање отпадна електрична и електронска опрема.

Собирниот центарќе служи за бесплатно предавање електричен и електронски отпад од домаќинства, како и отпад од правни лица согласносозаконските услови. Отпадната опремасобранаодделно на определеното место,се предава на самостојниот постапувач, односно колективниот постапувач врз основа на склучен договор со градоначалникот наОпштината.Општината ќе обезбеди:

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево