Делчево (Новости): Одбележан Виолетовиот ден-Денот на лицата со епилепсија

објавено во Општински вести | 0
Поповод 26 Март – Денотналицатасоепилепсија,асоцелподигнувањенајавнатасвест, намалувањенастигмата и унапредувањенаразбирањетозаоваасостојба,ОО на Црвениот крст Делчево во соработка со Здравствениот дом и СОУ „М.М.Брицо“  организираа настанпосветеннаподдршка и информирањенаграѓаните.

НастанотсеодрживоКонгресната сала на СОУ „М.М.Брицо“ Делчевои опфатиедукативниактивности, стручниобраќања, како иможност за запознавање со постапките за укажување прва помош при епилептичен напад.Свои стручни излагања имаа: д-р Билјана Ѓеоргиевска, спец.по психијатрија, д-р Љупка Калаџиска, спец. по педијатрија и д-р Даниела Цветковска, спец.по неврологија.

Настанот го отвори градоначалникот Иван Гоцевски кој посочи дека ваков настан се одржува за прв пат во Делчево, а по повод Светскиот ден на лицата со епилепсија, познат како –виолетов дени ја симболизира солидарноста, поддршката и разбирањето.

– Овој ден нè потсетува дека зад секоја дијагноза стои човек со свои соништа, способности и право на достоинствен и исполнет живот и секое дете заслужува да го живее своето детство и да има услови за понатамошен раст и развој.  Затоа, ниекако заедница,треба да градиме општество со повеќе разбирање, солидарност и поддршка за лицата кои живеат соепилепсија. Нашата обврска е да придонесеме кон подигање на свеста, намалување на предрасудите и создавање услови секој човек да се чувствува прифатен и рамноправен. Само со информираност, хуманост и заедништво можеме да изградиме средина во која различностите се почитуваат, а поддршката е секогаш присутна, нагласи Гоцевски.

Тој истакна дека наша обврска како хумано општество е да помогнеме на нашите сограѓани- заедно да ја поминеме патеката на лекување, од дијагностика до итни медицински интервенции-редовната терапија и лекувањето и ги охрабри одговорните лица во Здравствениот дом во Делчево да се посветат на набавка на соодветни апарати и третмани за лекување со цел пациентите да ги добиваат тие услуги тука.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево