Образложувајќи ја Седницата, претседателот на Советот, Стојменовски, потенцираше дека Советот на Општината воведува нов стандард за работа кој е во насока на зголемување на транспарентоста.
–Со воведување на овој нов стандард во работата на Советот, ние ја потврдуваме својата улога како тело што работи во интерес на граѓаните и ја негува практиката на отворено и одговорно управување. Отворената седница е силна порака дека општината е отворена, достапна и подготвена да ги слушне и да ги вклучи граѓаните во процесот на одлучување, порача Стојменовски.
Градоначалникот Иван Гоцевски кој одговараше директно на прашањата, повторноја реафирмирашесвојата посветеностза транспарентно и отчетно работење нагласувајќи дека отвореноста кон граѓаните е континуирана практика, а не формалност. НаСедницата тој истакна дека аргументираната дебата и јасните одговори се клучни за градење доверба и спречување дезинформации и непотребна паника.
Отворените седници на Советот на Општина Делчево ќе се практикуваат и во наредниот период.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
