Донацијата е од фирмата ЕЛ-КОЛЕКТ.
Кантите за електронски отпад веќе се распределени по образовните институции во градот и детската градинка, додека новите контејнери ќе се постават дополнителнoсогласно со планот и програмата на Општина Делчево и на места каде се неопходни и кои претставуваат критични точки кога е во прашање комуналната хигиена.
Градоначалникот Гоцевски изрази благодарност до фирмата за оваа донацијаи истакна дека Делчево продолжува со својата примарна мисија- почиста и еколошки здрава животна средина.
-На овој пат, среќаваме многу пријатели кои ги препознаваат нашите напори и со конкретни средства ни помагаат во остварувањето на нашата стратешка цел-Делчево да ни биде убаво, чисто, да ни биде гордост. Сакам да потенцирам дека овие садови за отпад не се само инфраструктура- туку се симбол на нашата посветеност кон одржлив развој, кон подигнување на еколошката свест и кон создавање навики кои ќе придонесат за почиста иднина, нагласи Гоцевски.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево