Во оваа Предлог-програма се дефинираат повеќе приоритети кои треба да придонесат за унапредување во повеќе области:
-комунални дејности (снабдување со вода за одведувањето на отпадните води,
одржување на хигиената на зеленилото, изградба и одржување на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата);
-заштита на животната средина (заштита од загадување на водата,воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др);
-урбанистичко уредување на просторот;
-јавниот превоз на патници;
-образованието, здравство и социјална заштита;
-културни, забавни и спортски манифестации и одржување на објектите од јавен интрес;
-развивање на добрососедските односи;
-снабдување со стоки и услуги, како и заштита на потрошувачите;
-други прашања од секодневно значење за животот и работата на граѓаните;
На состанокот на кој присуствуваа претседатели и членови на советите на месните и урбаните заедници, присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски кој посочи дека со едентранспарентен и инклузивен процес, Општина Делчево ја изработи првата програма која претставува рамка во која се предвидуваат активностите, целите и обврските на овие тела и на Општина Делчево.
–Соработката со месните и урбаните заедници претставува клучен елемент за развојот на локалната самоуправа и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Целта е заедничко идентификување на локалните проблеми и планирање на конкретни активности за нивно решавање, особено во областите,како што се инфраструктурата, комуналните услуги, уредувањето на јавните простори и подобрувањето на условите за живот во населените места. Со ваквиот пристап, месните и урбаните заедници ќе бидат вистински партнери во развојот на општината, нагласи Гоцевски.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
