Настапот на Воениот оркестар остави силен впечаток. Публиката уживаше во комбинацијата на свечени маршеви, филмска музика, џез, светски евергрини и македонска музика, а концертот беше надополнет со атрактивната точка Егзицир, која претставува демонстрација на строева извежбаност на припадниците на Баталјонот за почести. Со настапите се негува традицијата патриотизмот и културните вредности.
Концертната вечер се заокружи со настапот на Ансамблот „Танец“ кој на сцената го презентираше македонскиот фолклор и традиција. Со нивните лесни ороводни чекори и вокални интерпретации го доловија автентичниот македонскиот фолклор, богатите носии, врвната сценска изведба кои ја воодушевија публиката.
Музичкиот дел е еден сегмент од настаните кои изминатиов месец се организираа под мотото „150 години Разловечко востание: Искра за вечна слобода на македонскиот народ“ во кој со свои активности се вклучија сите локални институции: ЈЛБ „Илинден“, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, образовните институции и, секако, Општина Делчево која е организатор на настаните.
Централната прослава започнува утре со почеток во 11.00ч.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
