Делчево (Новости): Кампања на МЗШВ „Гласот што го слушаме-македонското најдобро“: средба со земјоделците во Град и Тработивиште

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Кампања на МЗШВ „Гласот што го слушаме-македонското најдобро“: средба со земјоделците во Град и Тработивиште

Во рамките на кампањата што ја реализира МЗШВ, „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, претставници од Министерството и градоначалникот Гоцевски одржаа средба со земјоделците од Град и Тработивиште на која се разговараше зареалните предизвици со коишто се соочуваат земјоделците.

На средбатаприсуствувааРомео Тренов од Управата за водостопанство и Оливер Ивановски од Државната фитосанитарна лабораторијакои, меѓу другото, ги нагласијаипрезентираа и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделствона Владата со  цел да се создадат услови во кои земјоделците ќе можат да инвестираат и да го развиваат своето производство.

Како што истакна градоначалникот Гоцевски,поддршката на земјоделците, значи поддршка во локалната економија, на руралните средини и на иднината на нашата општина.

-Градиме инфраструктура, ги оспособуваме локалните/селските патишта да бидат проодни за земјоделска механизација, а како општина, работиме на промоција на производите кои се бренд на Пијанец. Ја возобновуваме манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ и најавувам дека оваа година натпреварот во варење ракија ќе се одржи во селото Град; воедно, за прв пат востановуваме и манифестација- Денови на пијанечкиот мед- и со нашите пчелари работиме на афирмација и промоција на пијанечкиот мед-како здрав производ, здрава храна и лек.Во село Тработивиштедаваме поддршка за афирмација на карактеристичниот производ за село Тработивиште и одржувањето на манифестацијата „Зелкаријада”. Паралелно на тоа,отпочнуваме урбанизација на неколку делчевски села и со тоа земјоделците ќе имаат можност да се здобијат со потребна документација за аплицирање на јавните повици за унапредување на нивното производство, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево