Делчево (Новости): Иницијатива „Играчи на кратки патеки“ за почисто и поубаво Делчево

објавено во Општински вести | 0
Општина Делчево започна со реализацијата на иницијативата „Играчи на кратки патеки“која се базира на принципот „Think fast – Act fast“, односно мисли брзо делувај брзо и значибрзо размислување и уште побрза акција за решавање на локалните проблеми. Целта е преку кратки и интензивни активности да се создадат практични решенија, да се поттикнат микроиницијативи во заедницата и да се вклучат млади, активисти и институции во заедничка работа.

Оваа иницијатива , всушност, претставува третата фаза одКампањата за да сеичистиДелчево-темелно, суштински и континуирано, но истовременостанува и дел од еден поширок концепт на брзи и конкретни акции за подобрување на заедницата.

Градоначалникот Гоцевски нагласи дека преку концептот „Играчите на краткипатеки“сеочекува да се појават нови идеи и брзи микроакции кои ќе дадат конкретни резултати за градот, но и ќе ја зајакнат културата на општествена одговорност и заедничка грижа за Делчево.

–Со подобрувањето на временските услови продолжуваме со нашата мисија за чист и уреден град. Во оваа фаза ќе се фокусираме не само на јавните површини во градот, туку и на дивите депонии кои се пријавени од вас – граѓаните. Заедно го правиме Делчево почисто, поубаво и поодговорно место за живеење, истакна Гоцевски.

Во рамкитена овој пристап  продолжуваат активностите зауредување на дел од речното корито на реката Брегалница, како и со расчистување на кејот покрај реката и централното градско подрачје кај паркот во Ново Делчево. Паралелно, серасчистуваатповеќе мини депонии и запуштени места со наталожено ѓубре и обраснати грмушки.Истовремено, во паркот во Ново Делчевосезасадијаповеќе дрвја, како продолжение на акцијатаза засадување нови садници и збогатување на зеленилото во градот.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево