Делчево (Новости): Здружението „Копачка“: 2026 е година посветена на народниот уметник Димитар Узунски и УНЕСКО

објавено во Општински вести | 0
Централна активност во 2026 годинана Здружението „Копачка“ и Општина Делчевоќе биде одбележувањето на пет години од смртта на народниот уметник Димитар Узунски, но и новиот 6-годишен Извештај за УНЕСКО.

Овие активности се приоритети за Здружението „Копачка“ коешто го чува од заборав националното и светското културно наследство запишано во УНЕСКО, орото „Копачка“, а беа истакнати на Годишното собрание на Здружението на кое присуствуваше и националниот координатор за Конвенцијата од 2003 година на УНЕСКО, Ивона Опетчевска – Татарчевскаипо повод подготовката на новиот шестгодишен извештај.

Таа истакна дека соработката соЗдружението трае повеќе од 15 години, а работата на номинацијата за впишување на традицијата во УНЕСКО започнала во 2011 година. Од 2013 година, како што појасни, извештаите ги подготвуваат национални координатори и се оценуваат според 26 индикатори, со што се вреднува и работата наЗдружението и институционалната поддршка.

Претседателката на здружението, Перса Стојановска, информира дека наСобранието биле разгледани завршната сметка за 2025 година иГодишната програма за 2026 година. Таа најави дека и годинава ќе се реализира проектот „Копачка 2026“ преку Министерството за култура,а со поддршка на Општина Делчево ќе се реализираат низа настани поврзани со одбележување на петгодишнината од смртта на Пијанечкиот Цепенков, Димитар Узунски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево