Делчево (Новости): Заврши изградбата на ул. „Драмечка“

објавено во Општински вести | 0
Во населба Басарица се изгради уште една улица. Улицата „Драмечка“ и крак од оваа улица со вкупна должина од 155 метри, денеска добија асфалт и ,конечно, жителите од оваа приградска населба рекоа збогум на калливите и прашливи улици и добија современа сообраќајница и урбан пристап до своите домови. Претходно на улицата се постави и подземна инсталација-атмосферска канализација.Финансиските средства за реализација на проектот се обезбедени од Министерството за транспорт на Република Македонија, во вкупен износ од 2.862.015,00 денари. Изведувач на градежните работи е компанијата ОСД КИРИЛ од Штип, а реализацијата на проектот е планирана да продолжи и во текот на 2026 година.

Градоначалникот Гоцевски истакна дека реализацијата на овој инфраструктурен проект ја покажува  искрената намера да ги подобриме условите за живот во сите населби во Општината, а кога е населбата Басарица во прашање, се продолжува со инвестициите и наскоро ќе се реализира уште еден значаеан инфраструктурен проект со што оваа населба ќе стане вистинска урбана средина која ги исполнува сите инфраструктурни стандарди.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево