Целта на кампањата е да испрати јасна порака дека родовата еднаквост не е само тема по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, туку вредност што треба да се живее и применува секојдневно- во институциите, на работното место, во образованието и во семејството. Еднаквоста не е само прилвилегија, туку право. И таа се практикува не еден ден туку секој ден!
За еден поинаков 8 Март во Делчево, КЕМ и Општина Делчево организираат акција за засадување цвеќиња со цел разубавување на дел од градскиот парк пред Спомен-дом АСНОМ. На акцијата ќе учествуваат членки на КЕМ и координаторките за ЕМ од Општина Делчево, советнички, раководителки, работнички, претставнички на граѓанскиот сектор и на месните и урбаните заедници.
Во рамките на акцијата и во соработка со Организација ЖЕНА, ќе бидат поделени флаери за значењето на еднаквите можности во едно здраво општество.
#ЕднаквиМожностиСекојДен
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
