Делчево (Новости): Донација по повод Стара нова година во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Донација по повод Стара нова година во Делчево

По повод Стара нова година, Општина Делчево денеска донираше околу 20 хуманитарни пакети до семејства кои живеат во социјален ризик, со порака дека празничната атмосфера им припаѓа на сите граѓани. Пакетите се состојат од најразлични видови прехранбени производи, средства за хигиена, но и облека, најразлични играчки и слични донации кои граѓаните на Делчево ги донираа во рамките на хуманитарната акција „Со срце за Делчево“ промовирана пред новогодишните празници.

Ова е втора донација која се реализира во Делчево. Стотици граѓани за помалку од 1 месец, донираа и во инклузивната куќичка –Куќичка на надежта и во рамките на акцијата „Со срце за Делчево“. Првите 30-ина пакети беа донирани за Божиќ во делчевската градска црква, а втората група пакети се донираа до семејства во Општината.

Градоначалникот Гоцевски изрази благодарност до сите хумани граѓани, општествено одговорни фирми и граѓански организации кои дадоа поддршка на оваа благородна идеја и заедно со Советот на млади на Општина Делчево и ОО на Црвениот крст, идејата ја претворија во хумано дело.

-Со овие донации, во рамките на двете акции, ние покажавме дека сме одговорни граѓани и институции и дека ниту едно семејство во Делчево не е оставено само. Празничната атмосфера треба да го посети секој дом, а секое дете заслужува да се радува и да верува дека, навистина, новогодишните чуда се возможни, порача Гоцевски.

Градоначалникот Гоцевски најави слични хуманитарни акции во организација на Општина Делчево  и за наредниот период.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево