Делчево (Новости): Донацијата – новата машина метларка предадена на Општина Делчево

објавено во Општински вести | 0
Новата мана – вакумска метларка за чистење на улиците денеска еи официјално предадена на Општина Делчево од фирмата донатор М-Д РЕНТАЛС од Скопје, а, се очекува веќе од наредните денови, таа да биде ставена во функција на јавната чистота на Делчево. Воедно, од фирмата- донатор е обезбедена и обука за едно лице, вработено во ЈКП „Брегалница“ за управување со возилото.

Станува збор за нова машина, произведена во 2024 г марка BAIYI, ИСО и СЕ- сертифицирана. Машината е со проценета вредностод399.992,оо денари со вклучен ДДВ.

Градоначалникот Иван Гоцевски кој беше на чинот на примо-предавање на машината, истакна дека оваа донација е позитивен пример како општествената одговорност и партнерството меѓу локалната самоуправа и бизнис-заедницата можат да донесат конкретни придобивки за граѓаните.

-Изразувам искрена благодарност за оваа донација до компанијата М-Д РЕНТАЛС, компанија која ги препозна нашите напори и нашата заложба за почисто и поубаво Делчево и докажува дека општествената одговорност е вредност што создава трајни резултати, а посебно кога јавната чистота е во прашање. Чистотата на градот не е само комунална обврска, туку показател на грижата што ја имаме кон заедницата. Затоа и секоја инвестиција во комуналната инфраструктура претставува инвестиција во подобра иднина за Делчево, нагласи Гоцевски.

Со ставањето во функција на машината, значително ќе се подобри јавната чистота, ќе се овозможи побрзо и поефикасно чистење на улиците, тротоарите и јавните површини, а истовремено, примената на новата технологија значи и подобри услови за работа на вработените.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево