Во Делчевобеше спроведена обука на советниците на Советот на Општина Делчево за користење на новата дигитална платформаopstinskisovet.mk, со што успешно се заокружи подготвителната фаза за нејзина примена.
Тоа значи дека за 4-та Седница на Советот на Општина Делчево која ќе се одржи в петок,платформата ќе биде ставена во целосна функција и ќе се применува во практичната работа на Советот.
Секој граѓанин ќе може да се најави како гостин и да има увид во материјалите, одлуките и работата на Советот – целосно дигитално.
Дигитализацијата овозможува поголема отчетност на советниците, заштеда на време и ресурси, како и значително намалување на користењето хартија. Ова претставува важен чекор кон модерно, ефикасно и одговорно локално управување, во служба на граѓаните на Општина Делчево, како и поголема транспарентност, отвореност и директен пристап до информациите од локалната самоуправа.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево