Делчево (Новости): Денови на пијанечкиот мед: Ученици учеа за пчеларството и за делчевскиот мед

објавено во Општински вести | 0
Ученици од ООУ „Ванчо Прке“ од искусни пчелари од Делчево денеска учеа за значењето и улогата на пчеларството, но и за медот произведен од делчевските ливади и шуми како здрава храна.

Настанот е дел од активностите на Здружението „Пијанечка пчела 2“, aво рамките на Деновите на пијанечкиот мед кој се спроведува под мотото „Јади го медот како храна за да не го јадеш како лек“, а сите ученици добија по една тегличка со пијанечки мед.

На настанот присуствуваше и градоначалникот Иван Гоцевски кој посочи дека  востановувањето на оваа манифестацијае во насока на зачувување на пчеларската традиција и на подигањето на свеста за значењето на пчеларството во руралниот развој нашето Делчево и регионот.

-Затоа, Општина Делчево даде поддршка за реализација на овој проект кој е во насока на промоција на пијанечкиот мед во општината и надвор од неа. Општина Делчево ќе продолжи да ги поддржува пчеларите преку мерки и активности што ќе овозможат подобри услови за работа, едукација и пласман на домашните производи. Вложувањето во пчеларството е вложување во здрава и сигурна иднина, нагласи Гоцевски.

Како што нагласи претседателот на Здружението, Јованчо Медарски, предавања за пчеларството и за пијанечкиот мед ќе се одржат во сите образовни институции, а саемот на медот ќе се одржи пред велигденските празници.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево