Делчево (Новости): Делчево подготвено за врнежите од снег

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Делчево подготвено за врнежите од снег

Општина Делчево и фирмите задолжени за зимското одржување на локалните улици и патишта и јавните површини во Oпштината се подготвени за првите снежни врнежи.

Зимското одржување на општинските улици и патишта во Општина Делчево ќе го врши фирмата СД-ТРАНС-Ѕвегор, одбрана по спроведената јавна набавка и потпишаниот Договор со економскиот оператор, како најповолен понудувач кој ќе постапува согласно со потребите на Општината иПланот за долгорочно зимско одржување на општинските патишта и улици на подрачјето наОпштина Делчевоза 2026 г. За зимско одржување на локалните улици и патишта, Општина Делчево има издвоено 354.000 ден. вредност со пресметан ДДВ.

Согласно со Планот и предвиденатаприоритетна листа назимскоодржување патишта и улици, сеопфатенипатишта со асфалтен коловоз од88,5 км, патишта со коловоз макадам од 42 км и улици со асфалтен коловоз во должина од 39,83км. Надзор на извршените работи врши Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Чистењето на снегот од коловозите на патиштата и улиците отпочнува пред дебелината на снеготдадостигне10  сантиметри  за сообраќајниците од прв и втор приоритети15 сантиметри кај сите останати сообраќајници опфатени со планот, со посебно вниманиена:остритекривини, стрмнитекосини, мостовите, големи надолжни нагиби и делови каде има сенка (шуми, осојничави места, реки и слично), патни премини и вкрстувања итн.

Одржувањето и чистењето на тротоарите и јавните површини во градот е обврска на ЈКП „Брегалница“ Делчево, од каде информираат дека претпријатиетое подготвено,апо потреба сукцесивно ќе се набавуваатдополнителнитеколичинина ризла и сол.

Зимското одржување на регионалните и магистралните патишта на територијата на Општина Делчево се во надлежност на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

ПРИОРИТЕТНА ЛИСТА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ПАТИШТА И УЛИЦИ

Л-17пат до Стар Истевник

Л-10 пат до с.Илиово-Турија

Л-3пат Драмче-Вртиславци

Л-12пат до Косово Дабје

Л-18пат до Нов Истевник

Л-1 Делчево – Тработивиште

Сите останати општински патишта и пристапните патишта до маалите на селата од разбиен тип и улиците во Тработивиште и Разловци.

-Методи Митевски–Брицо,

-Тротоари и прилази на булевар „Македонија“

-Брегалничка со Ванчо Прке,

-Кузман Јосифовски–Питу,

-Никола Јонков Вапцаров,

-Мито Хаџивасилев Јасмин,

– Улица 4 ЦГП (кон пешачки мост)

– Улица 3 ЦГП (кон градски пазар)

Пешачки мост „Гоце Делчев“ во ЦГП

-Кеј на ослободување,

-Видое Смилевски- Бато

-улици 3,5 и 6 во населба „Пролет“

Сите останати улици во Делчево и улиците во другите населени места.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево