Како што соопшти градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, центарот претставува значаен чекор кон зголемен локален економски развој и подигање на препознатливоста на општината на локално, регионално, национално и меѓународно ниво.
Проектот е реализиран од Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ и Министерство за дигитална трансформација, со цел воспоставување на репрезентативна база на туристички потенцијали. Овие потенцијали ќе бидат структурирани во атрактивни туристички производи достапни за домашни и меѓународни тур-оператори.
Во рамки на центарот ќе функционира и современа дигитална платформа за промоција на општината, како и продукција на бројни промотивни материјали и активности насочени кон пошироката јавност.
Покрај туристичката промоција, центарот ќе биде и инфоточка за локалните уметници, изработувачи на ракотворби, музичари и културни изведувачи – место кое ќе стане центар на гравитација за сè она што Делчево го нуди како автентична, гостопримлива и креативна средина.
Со овој проект, Делчево добива ново, репрезентативно катче кое ќе ги отвори вратите кон светот и ќе ги претстави вредностите што го прават градот препознатлив и привлечен за посетителите.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
