Делчево (Новости): Делчево го шири семејството на пријатели

објавено во Општински вести | 0
Делчевовоспоставувасоработка со италијанскиотрегионПиемонте. Во моментов се вршатразговори и план за економска, културна и друг вид соработка соовојиталијанскирегион. Градоначалникот Иван Гоцевскиинформира дека Делчево интензивно работи за проширување на соработката со други градови од други држави и веќе е воспоставена соработка со општини од Турција и Бугарија, а во фаза на разговори е соработка со три општини од регионот од Пиемонте.

–Денеска ќе имаме зум- состанок со градоначалници од три општини Монфорте, Родино, Новело каде што живеат и работат многу наши сограѓани, не само од Делчево туку и од други градови од Макеоднија. Целта е да се продлабочи соработката и веруваме дека сето ова ќе вроди со плод.Соработката е замислина за збратимување, но таму простапките се поразлични и е потребна поддршка од ресорните министерства. Сепак, тоа не нèограничува да имаме соработка на културно, историско и економско поле и во насока на изнаоѓање идни донации за институциите во Делчево, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево