Делчево (Новости): Градоначалникот Гоцевски организираше ифтарска вечера

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Градоначалникот Гоцевски организираше ифтарска вечера

Градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски организираше ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан за верници од муслиманска вероисповед во Делчево.

По тој повод Гоцевски упати порака за почит, солидарност и заедништво и за почитување на вредностите кои секогаш биле водилки во нашата заедница.

-Нашата општина секогаш била пример за соживот и почитување на различностите. Заедно сме и во болка и во радост и во сите периоди од развојот на Делчево, како заедница сме чекореле заедно, сме граделе мостови со почит и доверба. Затоа особено ме радуваат ваквите средби и споделувањето на размислувањата и молитвите кои дополнително ја зацврстуваат довербата и традицијата. Ако ифтарот е симбол на трпение, благодарност и споделување со другите, тогаш нека ни биде светол пример во нашите заеднички напори – да продолжиме да градиме заедница во која почитта и хуманоста се темел на секое наше дело, нагласи Гоцевски.

Инаку, Рамазан е 9-от  месец од Хиџретскиот календар, месецот во кој е спуштен Куранот-Светиот Аллахов говор, објавен на Мухаммед синот на Абдуллах Последниот Божји Пратеник. Во месецот Рамазан е пропишан пост за секој возрасен и здрав муслиман. Постот се состои во воздржување од јадење и пиење во текот на денот, во период од 29 или 30 дена, односно во текот на целиот месец Рамазан.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево