Градоначалникот Иван Гоцевски присуствуваше навоенатасвеченост во касарната „Јане Сандански“ во Штип,кадесо свечено предавање на военото знаме на баталјонот,се изврши примопредавање на должноста командант на Вториот пешадиски баталјон од составот на Првата пешадиска бригада.
Должноста командант на 2.пешадиска бригадаод потполковник Зоран Сумрачки ја прими потполковник Ристо Стоев, кој досега беше поставен во Командата за операции, а насвеченостабеше прочитана и наредбата за поставување и унапредување на потполковникот Сумрачки во чин полковник, а од персоналот на 2.пешадиска бригадаму беше врачен пригоден подарок и плакета со посвета и логото на единицата.
По повод настанот, градоначалникот Гоцевски истакна дека признанието за делчевецот Сумрачки, го чувствува како посебна чест за нашиот град нагласувајќи дека Делчево од секогаш имало чесни и почитувани одговорни луѓе кои достоинствено ѝ служат на државата и даваат придонес кон стабилност и безбедноста на државата.
-Во име на Општината и од мое лично име упатувам искрени честитки за напредокот во кариерата на почитуваниот полковник Сумрачки, но, секако и посебна благодарност за соработката со својот роден град. Воедно, на новиот командант потполковник Ристо Стоев му посакувам успешна работа, мудрост и сила во извршувањето на обврските. Денешната свеченост е уште еден доказ дека посветеноста и чесноста секогаш се препознаваат и почитуваат. Делчево се гордее со своите луѓе, нагласи Гоцевски.
На свеченоста присуствуваа: командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, пензионирани генерали, претставници од Командата за операции, поранешни команданти на единицата, команданти на потчинети единици во 1пбр, градоначалници и претставници на локални самоуправи во зоната на одговорност на единицата, претставници на јавни установи и останати гости.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево