Делчево (Новости): Голем интерес кај пациентите за прегледи во амбулантата за теледерматологија во Делчево

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Голем интерес кај пациентите за прегледи во амбулантата за теледерматологија во Делчево

Амбулантата во Делчево, каде се користи иновативен современ апарат за теледерматологија предизвика голем интерес кај граѓаните. Овде пациентите со кожни заболувања од Делчево  добиваатстручна дијагноза и препорака од специјалисти од Клиниката за дерматологија, без потреба од физичко присуствона лекар специјалист сошто значително ќесенамали времето на чекање, трошоците за патување и оптоварувањето на здравствените установи во главниот град.

Денеска амбулантата ја посетија градоначалникот Иван Гоцевски и директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“, д-р Билјана Георгиевска кои го истакнаа значењето од примената на телемедицината која еефикасна, безбедна, евтина и резултира со задоволство на пациентите.

„Ме радува што граѓаните на Делчево ќе имаат можност да ги осетат придобивките на телемедицината, во конкретниот случај на теледерматологијата која значи добивање квалитетна здравствена услуга и специјалистички наод и мислење во Делчево без дополнителни чекања и патувања до медицинските центри, без трошоци и нервози. Преку овој иновативен и современ метод, значително се подобрува здравствената заштита на граѓаните во помалите места посебно во услови на хроничен недостиг на специјалисти. Затоа, изразувам посебна благодарност до Министерството за здравство, но и до здравствените работници во Делчево и сите институции вклучени во реализацијата на овој проект, нагласи Гоцевски.

Директорката Ѓеоргиевска истакна дека интересот кај пациентите е голем, а наскоро оваа амбуланта ќе добие и регионален карактер и ќе ги опслужува пациентите од регионот.

-Телемедицината е иднината во здравството и овој проект претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги за граѓаните од Делчево и околината, нагласи д-р ѓеоргиевска.

Теледерматологијата покажува висока ефикасност, искуствата укажуваат на 60 до 90 проценти точност во поставување дијагноза, во 80 до 90 проценти точност во ординирање терапија, совети и медицинска едукација, како и дури 98 проценти точност во проценката дали пациентот треба да биде упатен на повисоко ниво и колкава е ургентноста за тоа.

Првиотпилот-проект за телемедицина во областа на дерматовенерологија (теледерматологија) се реализира на релација Скопје–Дебар–Делчевои претставувасуштинска реформа која го менува начинот на кој пациентите пристапуваат до здравствената заштита.

Инаку, Делчево има позитивно искуство од примената на телемедицината и од примената на првиот апарат за далечинско мониторирање на пациентите што се однесуваше на еден  иновативен систем за нега на постари лица-далечински мониторинг на пациентите и дијагностика воОпштина Делчево, кој работи успешно и е ставен во функција на јавното здравство во Интерната амбуланта во Делчево.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево