Во акцијата за пошумување и хортикултурно уредување на градот во која се активно вклучени екипи на ЈКП „Брегалница“, ангажирани лица од Програмата за изведување јавни работи за 2026 г., но и граѓани ентузијасти и донатори на садници, ќе се засадат 200 липи. Дрворед од липи ќе никне по должината на бул „Македонија“ од бензиската пумпа до градските семафори и во градскиот парк АСНОМ. Садници ќе се засадат и покрај тениското игралиште во Делчево.
Градоначалникот Гоцевски нагласи дека липата е симбол на мирот, слогата и љубовта и порака дека сакаме општина во која ќе владеат разбирање почит и грижа едни за други.
-Липите нема да бидат само украс на градот, туку и порака дека грижата за животната средина е наша заедничка одговорност, а секое засадено дрво значи почист воздух, повеќе зеленило и поздрав живот. Во таа смисла во акцијата за пошумување и хортикултурно уредување се планира да се засадатоколу 1000 садници. Освен липи, ќе се засадат јавор, јасен, костени и туи на јавните површини во градот, но и во дворните места на локалните институции. Нека овие садници растат со нашиот град, како сведоци за нашата грижа, визија и љубов кон нашето Делчево, истакна Гоцевски.
Садниците се донација од општествено одговорни компании и лични донации од пријатели на Делчево.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево
