Во раните утрински часови се спроведе авионското третирање против возрасни комарци на територијата на Општина Делчево. Прскањетобеше извршено соAqua kothrin, кој е широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови,го вршеше лиценцирана фирма за авиоуслуги„Аеро Клуб“Скопје избрана по претходно спроведена тендерска постапка.
Во Делчево се третираше површина од 300 ha, односно на локации по речното корито на Брегалницаи Габровчица,централно градско подрачје до езеро „Сандански“, реони и населби во градот и поширокиот опфат на Општината.
Активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево