Како што истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска, Светскиот ден на литературата за деца има силна симболика и важна мисија.
-Билбиотеката посветува посебно внимание на литературата за деца и во таа насока со цел промоција на овој вид литература, ние организираме настани во кои главни учесници се нашите ученици. Светскиот ден на литература за деца ги охрабрува децата уште од најрана возраст да ја откријат магијата на книгите и да развиваат навика за читање и љубопитност кон знаењето. Изразувам благодарност до наставничките Сузана, Латинка и Христина и до сите дечиња кои денес беа наши гости, порача Петровска.
Светски ден на литературата за децасе одбележува секоја година на 2 април по повод роденденот на големиот раскажувач Ханс Кристијан Андерсен,еден од најпознатите автори на бајки во светот.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево