На детските игралишта во населбата Милково Брдо се санираше оштетената урбана опрема, се бојадисуваа клупите со што игралиштата добија нов лик и прераснаа во пријатно катче за одмор и рекреација. Уредувањето на детските игралишта е во рамките на првата волонтерска акција која ја организираше Општина Делчево заедно сомладиволонтериод ОО на Црвен крст Делчево, вработени од ЈКП„Брегалница” Делчево илица ангажирани преку Програмата за јавни дејности.Потребните материјали и средства за реализација на акцијата ги обезбеди Општина Делчево.
Со оваа интервенција започна волонтерската акција за уредување и санирање на парковите и игралиштатакоја согласно планот треба да ја опфати целататериторија на Општина Делчево.
Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека оваа волонтерска акција беше неопходна, бидејќи состојбата со детските паркови и игралишта коибеадостазапоставении се наоѓаатвомногулоша состојба,со искршени клупи и дотраени реквизити, претставуваа ризик за користење.
–Во изминатиот период, тревните површини се искосени, старите и оштетени клупи ќе се заменуваат со нови, дел од постоечките клупи се реставрирани и обновени, детските игралишта постепено ќе ги санираме со нови и заменети делови на реквизитите. Со овие активности, целта е повторно да се врати детскиот џагор во парковите и да се обезбеди безбедна и пријатна средина каде децата ќе можат слободно да играат и да уживаат. Не пропуштајте ја шансата како ВОЛОНТЕР да бидетедел од оваа наша прекрасна приказна за која редовно ќе информираме, нагласи Гоцевски.
Волонтерите ќе го разубавуваат целиот град и ќе реагираа секаде каде има поставено урбана опрема, при што со акцијата ќе се опфати и санација и бојадисување на канделабрите, оградите на мостовите и сл.
Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.
Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)
Телефон / Факс:+389 33 411 550
Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk
Веб страна:www.delcevo.gov.mk
Извор: Општина Делчево