Делчево (Новости): Асфалт на дел од регионалниот пат за Берово кај с. Стамер

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): Асфалт на дел од регионалниот пат за Берово кај с. Стамер

Екипи на Македонија пат денеска поставуваа асфалт на дел од регионалниот пат  Делчево-Берово, кај с. Стамер. Реконструкцијата на оваа делница е во должина од 1.300 метри, а вредноста на работите изнесува 15.милиони денари. Инвеститор е ЈПДП.

Увид во завршните работи денеска изврши градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски кој изрази голема благодарност до екипите кои работат на теренот и инвеститорот ЈПДП нагласувајќи дека само во минатата година во Делчево се вложени 48 милиони денари за реконструкција на патот Делчево-Габрово и реконструкција на дел од регионалниот пат Делчево-Пехчево.

–Денес сме сведоцина завршните активности на реконструкција на дел од регионалниот пат за Берово што е уште еден доказдека централната власт во континуитет продолжувасо инвестиции во инфраструктурата и во капитални инвестиции и изградба на современа патна мрежа кои се во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.Оваа делница на регионалниот пат Делчево-Пехчево е од особено значење за голем број награѓани,кои секојдневно го користат овој регионален пат за Пехчево и Берово, нагласи Гоцевски.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево