Делчево (Новости): април 30, 2026април 30, 2026

објавено во Општински вести | 0
Делчево (Новости): април 30, 2026април 30, 2026

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски,имашесредба со земјоделците воДелчево ворамки на кампањата „Гласот што го слушаме – Македонско најдобро“, чија цел е преку директна комуникација со земјоделците да се креираат политики во интерес на домашното земјоделско производство.

На средбата,присуствуваше и градоначалникот Гоцевски кој истакна дека земјоделствотоима приоритетно место вонеговатапрограма и во програмата на Владата идека поддршката на земјоделците, значи поддршка во локалната економија.

–Го слушаме гласот на земјоделците. Разговаравме за реалните предизвици со коишто се соочуваат земјоделците, ги слушаме нивните предлози и идеиикако, градоначалник, максимално се вложувам да се олесни товарот врз земјоделците.

Градиме инфраструктура, ги оспособуваме локалните патишта да бидат проодни за земјоделска механизација, преземаме активности за олеснување и на процесот на наводнување на дел од земјоделските површини, но најважно почнавме со изработка со ДУП за неколку села во Делчево. Како општина, работиме на промоција на производите кои се бренд на Пијанец. Ја возобновуваме манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“ и најавувам дека оваа година натпреварот во варење ракија ќе се одржи во селото Град; воедно, за прв пат востановиваме и манифестација- Денови на пијанечкиот мед- и со нашите пчелари работиме на афирмација и промоција на пијанечкиот мед-како здрав производ, здрава храна и лек, нагласи Гоцевски.

На средбатасе презентираа и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство, производството и сето она што е сработено измнативе, речиси, две години мандат на Владата.МинистеротТрипуновски истакна дека кампањата се реализира низ повеќе општини во државата, со цел земјоделците директно да ги изнесат своите потреби и предлози пред ресорното министерство.

–          Денеска сме повторно на терен, овде во Делчево, на средба со земјоделците од оваа општина. Продолжуваме со кампањата што ја започнавме како ресорноМинистерство во директна комуникација со сите земјоделци низ државата. Оваа трибина ќе биде искористена за презентација на она што е сработено во рамки на министерството, како и за дискусија и слушање на гласот на земјоделците, изјави Трипуновски.

Според него, ваквиот пристап е значаен за креирање отворени и ефикасни политики во интерес на македонското земјоделство. Осврнувајќи се на актуелните исплати кон земјоделците, министерот посочи дека по добиеното известување од Брисел, продолжува процесот на искористување на средствата и исплатата на предвидените финансиски поддршки.

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Делчево.

Адреса:Ул.Светозар Марковиќ бр.1, 2320, Делчево

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:30 до 11:00 часот)

Телефон / Факс:+389 33 411 550

Е-поштаinfo@delcevo.gov.mk

Веб страна:www.delcevo.gov.mk


Извор: Општина Делчево