Дебрца: 14-та седница на Советот на општината Дебрца

објавено во Општински вести | 0
Дебрца: 14-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е
за свикување на 1
4
-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам
14

та
седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден
30.06
.
2026 година (вторник)
, со почеток
во 13.00 часот
, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н     Р Е Д
Усвојување на записник од 12-та седница на Советот на општина Дебрца
Усвојување на записник од 13-та седница на Советот на општина Дебрца
Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишната програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за социјална и здравствена заштита на општина Дебрца за 2026 година
Годишна програма за измена и дополнување на Годишната програма за развој на Локалната инфраструктура и комуналните услуги на општина Дебрца за 2026 година
Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
Информација за потребата од обезбедување на соодветен објект и земјиште за потребите на Општина Дебрца и ЈП за комуална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за набавка на објект и земјиште за потребите на Општина Дебрца и ЈП за комунална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
Предлог – Одлука за поништување на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројаввуање на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски


Извор: Општина Дебрца