Дебрца: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

објавено во Општински вести | 0
Врз основа на член 22 став 1 точка 6 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Преку поддршката и развојот на спортот општина Дебрца има за цел подобрување на спортскиот живот во општината, промоција на разновидни спортско-рекреативни содржини, поттик на жителите, особено младата популација за масовно вклучување во спортските активности, со цел развој на позитивните вредности на спортот а во функција на обезбедување на здрави идни генерации во општината, како и поддршка на спортските манифестации, спортските клубовии талентираните спортисти, преку кои ќе се презентира и промовира општината.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за развој на спортот за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: поддршка на спортски манифестации во општината, поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари (прва, втора или трета лига), поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари во општинска лига и поддршка на талентирани спортисти во поединечни спортови кои живеат на територијата на општина Дебрца.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

Спортски  клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за развој на спортот во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт:Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година“– лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава

Потребни документи за учество на физички лица:

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца за развој и поддршка на спортот, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

1.Спортски клубови и здруженија

– ранг на натпреварување во рамки на официјална спортска федерација;

– Активни членови (по категории)потврда од соодветната федерација;

– Учество во соодветна лига на натпреварување(ранг на натпреварување);

– Членови на клубот кои учествувале во национални селекции (по категории); потврда од соодветната федерација;

– Учество на клуб и поединец на меѓунроден натпревар;

– Да го поттикнува и унапредува соодветниот спорт;

– Да го унапредува и развива масовниот и рекреативниот спорт;

– Да поттикнува постигнување на врвни резултати;

– Решение од централен регистар;

– Решение за вршење дејност спорт издадено од АМС кое е дел од регистарот на министерство за спорт;

2.Спортски манифестации, настани и проекти

– Традиција на манифестација / настан;

– Ранг на натпреварување (локален,национален,меѓународен)

– Временски период на одржување (денови на организација);

3.Спортисти во индивидуални спортови

– Жител на општина Дебрца;

– Учество на меѓународни и државни натпревари;

– Пласман на меѓународни натпреварувања;

– Ранг на натпреварување;

– Член на Национална репрезентација;

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Одобрените активности за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца:www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за развој на спорот на општина Дебрца за 2026 година.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.

Прилог:Апликационен-формулар спорт

Добредојдовте на официјалната веб страна на Општина Дебрца. Тука можете да ги најдете сите новости, информации, и документи поврзани со работењето на општината.

Адреса:с. Белчишта б.б.,6344, Дебрца

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 11:00 до 11:30 часот)

Телефон / Факс:+389(0)46286855

Е-поштаcontact@debrca.gov.mk


Извор: Општина Дебрца