Дебрца: Општина Дебрца дел од акцијата Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во ЈКП Дебрца

објавено во Општински вести | 0
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца”  успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД,  за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција  се одржа во Училишниот двор на  ООУ,, Дебрца”- село Белчишта, Административната зграда на Општина Дебрца и изложбениот центар на Белчишко Блато, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата  на Општина Дебрца  заеднички пристапија  на  чистење на центарот во село Белчишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца” и паркот пред изложбениот центар за ,,Белчишко Блато”.
Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.
Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.


Извор: Општина Дебрца