Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари, финансирана од Општина Дебар. Изведувач на работите е АРХ Конструкцион ДООЕЛ – Тетово, додека стручниот надзор го врши МГ Проект ДООЕЛ – Скопје.
Овој проект е резултат на посветеноста на локалните институции и одличната соработка со централната власт, што претставува уште една потврда за заедничката заложба за развојот на Дебар. Во таа насока, значајна е и поддршката од претставниците на коалицијата ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, кои континуирано ги поддржуваат проектите насочени кон локален развој и унапредување на општинската инфраструктура.
Општина Дебар останува посветена на реализација на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за создавање на помодерен, пофункционален и подобро организиран град за сите
Извор: Општина Дебар