Во организација наМинистерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, се одржа јавна расправа по НацртЗаконза прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа
На расправата присуствуваа Градоначалникот на општина Дебрца, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Како и Ѓоко Зороски од Здружението за еко туризам,,Еко туризам 2016 “, заедно со заинтересирани граѓани,стручна јавност и претставници на невладиниот сектор. Предлог-законот, неговото значење за заштита на природните вредности на Белчишкото Блато, како и можностите за одржлив развој на регионот преку еко-туризам и заштита на биодиверзитетот. Присутните имаа можност активно да се вклучат со свои предлози, мислења и забелешки.
Сите изнесени ставови и предлози ќе бидат разгледани и земени предвид во понатамошната постапка за донесување на законот, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе ги штити интересите на локалната заедница и природната средина.
Коментари/мислења/сугестии по НацртЗакон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природаможе да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адресаinfoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.
Организаторите се заблагодаруваат на сите учесници за нивното активно учество и придонес кон унапредување на процесот.
Извор: Општина Дебарца