ОГЛАС ЗА ЈАВНИ КОНСУЛТАТИВНИ СРЕДБИ
Се известуваат граѓаните дека во рамки на подготовката на проектната документација за Коридор 8 – делница на автопат Требеништа – Ќафасан, ќе се одржат јавни консултативни средби со цел обезбедување навремено, транспарентно и квалитетно вклучување на јавноста во процесот.
Целта на средбите е прибирање мислења, коментари и предлози од локалното население во рана фаза на подготовка на документацијата, со посебен осврт на:
Термини на одржување:
Општина Дебрца: 31.03.2026 (вторник) во 10:00 часот, во просториите на старото Основно Училиште во с. Волино
Општина Струга:31.03.2026 (вторник) во 12:00 часот
Средбите се однесуваат на жители од следните населени места:
Општина Струга:Мислешево, Мороишта, Драслајца, Враништа, Корошишта, Ливада, Заграчани, Шум, Вишни, Радолишта, Калишта, Франгово, Радожда, Делогожда
Општина Дебрца:Требеништа, Волино, Горенци
Се покануваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и активно да се вклучат со свои мислења и предлози.
Извор: Општина Дебарца