Гевгелија: Oдбележување на светскиот ден на пчелата во Гевгелија

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: Oдбележување на светскиот ден на пчелата во Гевгелија

Во организација на АДРА Македонија, Амбасадата на Република Словенија, Пчеларската федерација на Македонија и Општина Гевгелија, на 13 мај 2026 година (среда), во Гевгелија ќе се одржи свечено одбележување на Светскиот ден на пчелата. Годинава, домаќин на настанoт е Општина Гевгелија, а програмата ќе се реализира под мотото „Bee the SDG Solution – Solution for Sustainable Development“, со цел подигнување на јавната свест за значењето на пчелите и останатите опрашувачи за одржливиот развој и зачувувањето на животната средина.

Настанот ќе започне во утринските часови со посета на пчеларската фарма „Алчинов“ во Мрзенци, по што е предвиден прием кај градоначалникот на општина Гевгелија. Во пресрет на централната манифестација, на Градскиот плоштад ќе биде реализирана и музичка програма.

Официјалното отворање на настанот е закажано за 11 часот на Градскиот плоштад во Гевгелија, каде пред присутните ќе се обратат градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и претседателот на Пчеларската федерација на Македонија, Игор Илков.

Во рамки на програмата ќе бидат реализирани и повеќе едукативни и креативни активности подготвени од деца од детските градинки и ученици од основните училишта од Гевгелија. Посетителите ќе имаат можност да го проследат симболичниот перформанс „One Flight“, активноста „Honey Post – пораки до иднината“, како и „Honey Oath – From Triglav to Vardar“, со порака дека пчелите ги поврзуваат народите и природата. Ќе биде отворена и изложба на уметнички творби на тема „Bee the SDG Solution – Be a Bee as a Solution for Sustainable Development“, а посетителите ќе можат да го посетат и пчеларскиот штанд „The Hive – Wisdom from the Past“.

Во завршниот дел од настанот ќе следува музичка програма во изведба на културно-уметнички друштва од Гевгелија, како и доделување награди за трите најдобри уметнички творби, по што официјално ќе биде затворена манифестацијата.

Светскиот ден на пчелата се одбележува на 20 мај, во чест на раѓањето на Антон Јанша, пионер на современото словенечко пчеларство, а од 2017 година овој ден е официјално признат од Обединетите нации како глобален повик за заштита на пчелите и биодиверзитетот.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.

Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.

Прифатете само основни колачиња.

Индивидуални поставки за приватност

Детали за колачињаПолитика за приватност

На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.

Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња

Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

powered by Borlabs Cookie

Политика за приватност


Извор: Општина Гевгелија