Гевгелија: 3. издание на Меморијалниот турнир во баскет 3х3 „Мите Тути“ во Негорци

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: 3. издание на Меморијалниот турнир во баскет 3х3 „Мите Тути“ во Негорци

Негорци, од 16 до 19 април 2026 година, живееше во вистински спортски дух со одржувањето на третото издание на Меморијалниот турнир во баскет 3х3 „Мите Тути“. Во текот на четирите натпреварувачки денови, училишното игралиште при ООУ „Ристо Шуклев“ во Негорци беше центар на спортски случувања, каде што владееше фер-плеј атмосфера, силна конкуренција и голема посетеност од љубители на кошарката и спортот воопшто.

На турнирот учествуваа 10 екипи, распоредени во категории Младинци, Сениори, Сениорки и Ветерани, кои прикажаа квалитетна и динамична игра во духот на баскет 3х3 форматот.

Кај Сениорите, победник беше екипата на Homemade Negorci, која со својата конзистентна игра и тимска координација го освои првото место, со што овој меморијал по две години ја симна од тронот екипата на „Казино Фламинго“, досегашен шампион. Во категоријата Ветерани, првото место го освои екипата „Римаг“, додека кај Сениорките најуспешна беше екипата „Paint it Black“. Кај Младинците, победата ја однесе екипата „Житко“, која со енергична и борбена игра се издвои од конкуренцијата.

Најдобрите екипи и поединци беа наградени со медали, трофеи и парични награди, како признание за постигнатиот успех и вложениот труд. Ова трето издание на турнирот, кое полека прераснува во традиционален спортски настан во Негорци, е посветено на Мите Туртуров, во знак на почит кон неговиот придонес и значење за заедницата во Негорци.

Настанот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности за 2026 година, со што уште еднаш се потврдува континуираната поддршка за развој на спортот и младинските активности во локалната заедница.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.

Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.

Прифатете само основни колачиња.

Индивидуални поставки за приватност

Детали за колачињаПолитика за приватност

На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.

Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња

Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.

Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња

powered by Borlabs Cookie

Политика за приватност


Извор: Општина Гевгелија