Гевгелија: Третото прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија на 30 јули 2026

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: Третото прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија на 30 јули 2026

Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека на 30 јули 2026 година (четврток) ќе се спроведе третото теристичко прскање против возрасни комарци на целото подрачје на општина Гевгелија.

Акцијата ќе се реализира во вечерните часови.

Се апелира до граѓаните во периодот на прскањето да избегнуваат непотребен престој на отворено, доколку тоа не е неопходно, како и да ги преземат вообичаените мерки за заштита.

Притоа, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на третманот.

Доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде извршено во деновите со соодветни временски услови, за што Општина Гевгелија дополнително ќе извести за новиот термин преку официјалните канали за инфомирање на јавноста.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2026ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.


Извор: Општина Гевгелија