Во учебната 2026/2027 година, во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија ќе бидат запишани 252 ученика во прва година. Според распишаниот Конкурс за запишување ученици во средно образование и неговите измени и дополнувања од страна на Министерството за образование и наука, во гевгелискиот Средноучилишен центар се предвидени 9 паралелки со настава на македонски јазик, според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 68 ученика, 2 паралелки
Гимназиско образование – 34 ученика, 1 паралелка (македонско – англиска билингвална паралелка);
Сектор Угостителство и туризам – 50 ученика, 2 паралелки
– хотелско-туристички техничар, 4 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
– келнер/готвач, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
Сектор Машинство – 50 ученика, 2 паралелки
– машински техничар за моторни возила, 4 години, во соработка со компании, 25 ученици во 1 паралелка;
– автомеханичар, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
Сектор Економија, право и трговија – 25 ученика, 1 паралелка
– економски техничар/ бизнис администратор
Сектор Здравство и социјална заштита – 25 ученика, 1 паралелка
– забен техничар/ фармацевтски техничар.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски и августовски уписен рок. Пријавувањето ќе се врши преку електронски, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наукаhttps://e-uslugi.mon.gov.mkсо специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки наSchools.mk.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 12 до 15 јуни, до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни, од 08:00 до 19:00 часот и 17 јуни, од 08:00 до 15:00 часот и на 25 јуни 2024 година, од 07:00 до 15:00 часот.
Додека, второто електронско пријавување ќе биде на 23 јуни (до 23:59 часот), а доставувањето на потребната документација до училиштата ќе се врши на 24 јуни (од 08:00 до 15:00 часот).
Августовскиот уписен рок важи за ученици кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување и можат да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 20 август, до 15:00 часот електронски. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август, до 14:00 часот.
Линк за повеќе информации за потребната документација за уписот:Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија
Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa
Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk
© 2023ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time underSettings.
Прифатете само основни колачиња.
Индивидуални поставки за приватност
Детали за колачињаПолитика за приватност
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашатаполитика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.
Прифати ги ситеЗачувајПрифати само неопходни колачиња
Основните колачиња овозможуваат основни функции и се неопходни за правилно функционирање на веб-локацијата.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
Содржините од видео платформите и платформите за социјални медиуми се стандардно блокирани. Доколку се прифатат колачињата за надворешни медиуми, пристапот до тие содржини повеќе не бара рачна согласност.
Прикажи информации за колачињаСокриј информации за колачиња
powered by Borlabs Cookie
Политика за приватност
Извор: Општина Гевгелија