Гевгелија: На 15 јуни 2026 година теристичко прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија

објавено во Општински вести | 0
Гевгелија: На 15 јуни 2026 година теристичко прскање против возрасни комарци во општина Гевгелија

Првото теристичко прскање против возрасни комарци на подрачјето на општина Гевгелија ќе се реализира на 15 јуни 2026 година (понеделник), во доцните вечерни часови, согласно предвидената динамика и планот за спроведување на мерки за заштита на населението од инсекти.

Се известуваат сите граѓани дека активноста ќе се изведува со соодветни препарати за ваква намена, при што се апелира за зголемена претпазливост во периодот на изведување на прскањето. Исто така, се известуваат пчеларите дека е потребно навремено да ги преземат сите неопходни превентивни мерки за заштита на пчелните семејства (затворање или обезбедување на кошниците), со цел да се избегнат евентуални негативни последици.

Во случај на неповолни временски услови (ветер, дожд или други фактори кои би можеле да ја намалат ефикасноста на третманот), активноста ќе биде одложена, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани за новиот термин преку официјалните канали за информирање на Општина Гевгелија.

Ул. „Димитар Влахов“ 4 ,1480 Гевгелијa

Телефон ++38934 213 843www.gevgelija.gov.mke-mail: gevgelijao@t-home.mk

© 2026ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА- Сите права се задржани.


Извор: Општина Гевгелија