Виница: Aкцијата Чиста животна средина во Општина Виница

објавено во Општински вести | 0
Виница: Aкцијата Чиста животна средина во Општина Виница

И овие денови продолжуваме со акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“ во која овој пат покрај невработените лица ангажирани преку Оперативниот план 2025 година на Министерството за економија и труд, во имплементација на Агенцијата за вработување на Македонија, вклучивме и вработени во ЈП „Солидарност“.Денес се чистеше надвор од градот конкретно на потегот од спојот на регионалниот пат Виница-Берово со патот за Делчево преку село Бигла до манастирот „Свети Спас“ и влезот на село Драгобраште.Во акцијата се собра 5м3 комунален отпад, а покрај чистењето се вршеше и кастрење и сечење на дрвја и жбунести растенија покрај патот, за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот на оваа патна делница.


Извор: Општина Виница