Виница: Јана Тасева и Горан Петков – лауреати на WAF Contest 2026

објавено во Општински вести | 0
Јана Тасева и Горан Петков се закитија со прва награда – Лауреати на WAF Contest 2026, кој се одржа во Скопје, во периодот од 8 до 12 јануари 2026 година. Натпреварот беше дел од реномираниот настан WAF Awards, организиран од World Association of Festivals. WAF Contest претставува меѓународен фестивал и натпревар на уметнички, музички и културни таленти, на кој учесници од различни земји ги претставуваат своите креативни и изведувачки способности пред стручна публика и жири. Според организаторите, станува збор за еден од „најблескавите“ фестивалски настани во годината, кој вклучува сценски настапи, доделување сертификати и вредни награди.На фестивалот учествуваа околу 50 натпреварувачки таленти од земјава и од повеќе европски држави, меѓу кои Малта, Кипар, Хрватска, Киргистан, Бугарија и Србија. Во текот на трите натпреварувачки дена, публиката и стручното жири имаа можност да уживаат во настапи на исклучително квалитетни и технички подготвени изведувачи, што уште еднаш го потврди високото реноме и меѓународниот карактер на фестивалот. Особено значаен успех остварија Горан Петков, кој ја освои првата награда – Лауреат во својата категорија, како и Јана Тасева, која исто така беше наградена со прва награда – Лауреат во својата категорија, со што достојно го претставија својот град и државата на меѓународната сцена.На фестивалот учествуваа и Филип и Деа од Виница, кои за своето достоинствено и успешно претставување беа наградени со медали и дипломи за учество.Јана, Горан и Филип се членови на MOZZARTINO Vocal Stars под менторство на проф. Гоце Данилов, чија стручна поддршка и посветена работа придонесоа за постигнатиот значаен успех на фестивалот.


Извор: Општина Виница