Виница: Целосната реконструкција на азбестиот кров на ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште

објавено во Општински вести | 0
Виница: Целосната реконструкција на азбестиот кров на ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште

Учениците од ООУ „Никола Парапунов“-Драгобраште во второто полугодие наставата ќе ја започнат во централното училиште, откако завршивме со целосната реконструкција на азбестиот кров на училиште, кој беше во исклучително лоша состојба и протекуваше, а истовремено се изврши и замена на плафонот во сите училници и холот.Додека се извршуваа градежните активности наставата се одвиваше нормално за сите ученици, кои истата ја посетуваа во подрачното училиште во село Трсино и за кои имаше обезбеден превоз од училиштето.Средствата за овој проект во вредност од 6 милиони денари беа обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти за општините од Министерството за образование и наука.


Извор: Општина Виница