Се известуваат граѓаните дека на местото викано Скараница ќе има целосна блокада за сите видови возила на регионалниот пат Виница–Берово.Блокадата ќе биде организирана од страна на жители на село Блатец, поради изразено незадоволство во врска со изградбата на мини хидроцентрала на тој потег.Општина Виница дава целосна поддршка на жителите во нивните заложби.Се замолуваат возачите да ги почитуваат насоките и да користат алтернативни патни правци.
Извор: Општина Виница