Виница: Реконструкција на главната улица во село Градец

објавено во Општински вести | 0
Виница: Реконструкција на главната улица во село Градец

Денес започнавме со уште еден значаен проект, овој пат пред се значаен и на барање на жителите на село Градец. Започнавме со реконструкција на главната улица во село Градец во должина од 530 метри и крак од истата во должина од 220 метри. Оваа улицата беше многу оштетена со бројни ударни дупки и пукнатини, додека на поедини места имаше и појава на видливи деформации слегнувања на коловозот, истата не е реконструирана најмалку 20 години. Финансиските средства за овој проект изнесуваат вкупно 6.864.432 денари и се обезбедени преку повикот на Владата за инфраструктурни проекти за општините од Министерството за транспорт.


Извор: Општина Виница