Виница: Првото новородено дете во Општина Виница за 2026 година

објавено во Општински вести | 0
Виница: Првото новородено дете во Општина Виница за 2026 година

Ми претставува посебно задоволство што денеска го посетивме домот на првото новородено дете во Општина Виница за 2026 година. На првиот жител во 2026 година, малата Алина, испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината.Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот.Алина Салиова е родена на 07.01.2026 година во Штип и е трето дете во семејството Салиови.


Извор: Општина Виница