Продолжуваме со конкретни чекори кон почиста и поодржлива животна средина.Денес потпишавме договор за соработка со ПАКОМАК за реализација на проектот „Паметно управување со отпад од пакување во Македонија- фаза 2“.Со овој договор ќе биде поставена втората повратна вендинг машина, која ќе се наоѓа пред КАМ маркет во Виница. Граѓаните ќе може да одлагаат пластични шишиња и алуминиумски лименки, при што за секое пакување ќе добиваат „зелени поени“ прку мобилна апликација, кои имаат парична вредност од 1,5 ден. и може да се користат како ваучери.Општина Виница активно го поддржувва проектот и со свој партиципативен дел учествува во финансирањето на зелените поени, со цел да поттикнеме селектирање на отпадот, да ја подигнеме еколошката свест и да ја намалиме количината на отпад на јавните површини.Продолжуваме да инвестираме во чиста, уредена и еколошки одговорна Виница.
Извор: Општина Виница