Виница: Одржан Социјален дијалог за поврзување и соработка помеѓу компаниите во Oпштина Виница, Средното Општинско Училиште „Ванчо Прке“- Виница и Општина Виница

објавено во Општински вести | 0
Заинтересираните компании за учество во социјалниот дијалог, потребата од дуални паралелки ја изразија на работната средба одржана на 03 Февруари 2026 година во салата за состаноци во општинската зграда, кој четврта година по ред, го организира Општина Виница во соработка со Средното Општинско Училиште „Ванчо Прке“ – Виница.Работната средба има за цел поврзување и соработка помеѓу Компаниите во општина Виница, Средното Општинско Училиште „Ванчо Прке“- Виница и Општина Виница за една од стратешките цели на локалната самоуправа на Општина Виница, кое е модерно и квалитетно образование а во насока на унапредување на средното стручно образовани преку креирање на квалификуван стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на труд, како и испитување на подготвеноста на компаниите за вклучување на ученици во дуалното образование и други можности за соработка.Дуалните паралелки во СОУ „Ванчо Прке“ – Виница се новина во училиштето започнувајќи од 2020/2021 година, но веќе се забележува напредок во обликување и помагање во стручната надградба на младите, што претставува бенефит и за младите и за Компаниите.Како клучни забелешки од одржаниот состанок произлегоа реално искажаните потреби на Компаниите за формирање на нови стручни профили во Средното стручно образование кои ќе бидат насочени кон формирање на кадри од угостителско- туристичката струка, задржување на текстилната струка преку комбинирани паралелки со прехрамбената струка и една година мирување на сообраќајната струка.Се истакна и потребата од почести и неформални средби помеѓу засегнатите страни (Компании, Општина, училиште, Министерство за образование и наука и Центар за стручно образование и обука) кои ќе бидат извор на потребите и барометар на напредокот во однос на идните чекори на младите луѓе во општината и пошироко.


Извор: Општина Виница