Виница: Наши пари за наша општина

објавено во Општински вести | 0
Виница: Наши пари за наша општина

Почитувани сограѓани,со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги подмириле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, се ПОВИКУВААТ сите граѓани да го подмират долгот по основ на данок на имот и комунална такса во најбрз можен рок.Данокот на имот и комуналната такса за фирмарина претставуваат основни извори и едни од клучните приходи за општината.Тоа се „НАШИ ПАРИ ЗА НАШАТА ОПШТИНА“. Плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на нашата општина.Со подмирување на данокот на имот и комуналната такса, ќе добиеме подобри улици, нови тротоари, детски игралишта, поквалитетно осветлување, овозможување на подобри услови за бизнис заедницата, посовремени училишта, збогатени содржини за нашите пензионери итн.


Извор: Општина Виница