На 20.02.2026 година во изложбениот салон на Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница, беше отворена изложбата на ликовниот уметник Танас Дедов од Кочани, со која се одбележуваат 60 години негово творештво.Шест децении Дедов тивко и достоинствено му останува верен на сликарството, создавајќи дела инспирирани од кочанскиот пејзаж, староградската архитектура, портретите и мртвата природа.Рецензијата ја подготви еминентниот македонски есеист и ликовен критичар Ефтим Клетников, кој неговото творештво го опиша како „тивка обоена звучна соната“, а портретите како „сугестивен психолошки израз на ликот“.Изложбата ќе биде отворена за посетители секој работен ден до 05.03.2026 година. Повелете!
Извор: Општина Виница