Виница: Законот за постапување со бесправно изградени објекти

објавено во Општински вести | 0
Виница: Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Почитувани сограѓани,Ве информираме дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 03.03.2026 година, што претставува последна можност за сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Виница, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за нивно комплетирање и решавање.Ги повикуваме сите засегнати лица навремено да се обратат во Општина Виница, Сектор за нормативно-правни, општи работи и јавни дејности и да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација.Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби.Лица за контакт: Виолета Михаjлова и Гоце Алексов.


Извор: Општина Виница